МЕЏИТИ ОТКРИВА : БЛЕРИМ БЕЏЕТИ БЕШЕ ЛИНКОТ СО АРСОВСКА!

0
451

Сега веќе немаме соработка, таа е само со Беџети, Левица, пипала на Груевски, вели Изет Меџити во интервју за Фокус.

Поранешниот висок функционер на ДУИ Изет Меџити, кој по несогласувањата со партиското раководство на чело со Али Ахмети ја формираше опозициската Демократско движење, во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ открива како дошло до соработката меѓу огнените и скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Линкот беше Блерим Беџети и сега веќе немаме соработка, таа е само со Беџети, Левица, пипала на Груевски. Две јавни претпријатија се на луѓе од Сарај. Има најави дека на „Комунална хигиена“ ќе постави човек на Груевски. Ние соработувавме со Арсовска заради интересот на граѓаните, локалните проблеми се заеднички, има испреплетени ингеренции – вели Меџити.