Меѓународен форум за продукциски дизајн во Битола

0
1010

Меѓународен форум за продукциски дизајн се одржа викендов во Битола, со учество на филмски професионалци од земјава и странство. Централната тема на форумот беше „Продукцискиот дизајн и новите технологии“. Повеќе од десет гости беа присутни во живо и онлајн во излагањата и дискусиите што се одржаа во рамките на дводневниот форум.

Продукцискиот дизајн на едно аудиовизуелно дело е првото нешто преку кое публиката го перципира делото и отвора неверојатно многу можности за промоција и интеракција со неа. Првиот ден беше посветен на дискусии за општите и актуелните проблеми и состојби на оваа област во регионот. Вториот ден беше посветен на дискусии за конкретната тема.  Целта е зајакнување на соработката помеѓу филмските професионалци во регионот и размената на искуства во филмската дејност.

Меѓу учесниците на форумот беа продуцентот Блаже Дулев, сценографот Викторија Динева, професорот по анимација, режисер и продуцент Крсте Господиновски, менаџерот на продукција и сцениграф Петар Трајчевски, претставници на МЗФП – здружението на  филмски продуценти на Македонија и Асоцијација на филмски професионалци на македонија  -АФП на Македонијаактерката и кастинг директор Љуба Пиперова од Бугарија, продуцентот Боштјан Иковиќ од Словенија, Марија Драндаки, продуцент од Грција, Фотеини Алевра, комуникациски експерт на Филмскиот фестивал во Атина и селектор од Грција.

Форумот по петти пат го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“, а со поддршка на Регионалниот филмски фонд „Балкан синема ситис“. Форумот го поддржа Министерството за култура.

Целта е Битола и републиката да станат центар каде во иднина би се одржувал годишниот состанок на продукциски дизајнети, продуценти, режисери и автори во насока на унапредување на состојбата на овој важен сегмент од креативните индустрии во насока на економски (и културен) развој.

Извор : Екран.Мк