„Мета“: Хан ќе руча со Груевски, а ќе вечера со невладините

0
908

Johanes-Han

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во петок ќе допатува во Скопје за обновување на претпристапните преговори на високо ниво со Европската унија (ХЛАД), објави Мета.

На неговата агенда прво е најавена средба со Националниот совет за евроинтеграции по што еврокомесарот ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски.

Трета точка на распоредот на Хан е пленарната седница за ХЛАД на која ќе биде разговарано за правосудството, дискриминацијата и малцинствата, слободата на медиумите, деполитизацијата на јавната администрација како и изборните реформи.

Работната посета Хан ќе ја заврши со затворена средба со претставниците на граѓанскиот и невладиниот сектор.