(ВИДЕО) Николовски: Идните пратеници нема да земаат за трошоци како Силвана Бонева!

0
979

Јавно ветуваме дека во првите 4 месеци од формирањето на новата влада од премиерот Зоран Заев ќе ја покачиме и минималната плата која што на крајот на мандатот ќе изнесува 16.000 денари и тоа без исклучок. Неправдата која што Груевски им ја нанесе на вработените од индустријата за текстил за кожа и обувки мора да ја исправиме. Нема да има ниту еден вработен од овој сектор со плата помала од 16.000 денари. Ние сме гаранција, можеме да го направиме, ќе го направиме, рече Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3, синоќа на митингот во Штип.%d1%99%d1%83%d0%bf%d1%87%d0%b5021212

– Просечната плата согласно планот кој што го изработивме ќе биде 30.000 денари. За секое семејство со двајца вработени да има по 1.000 евра со коишто ќе се покријат и основните трошоци, храна, за одмор, за нова соба, за сите потреби на семејството. Мораме да направиме квалитетно јавно здравство. Еден од нашите фокуси на крајот на мандатот согласно планот секој вработен во здравствениот сектор ќе зима дупло поголема од сега, а секоја специјалист ќе зема плата од 100.000 денари. Лекарите и младите мора да ги задржиме тука во Македонија. Ќе го враќаме ДДВ во износ од 15% што ќе го потрошите во текот на една година. И тоа ќе биде уште една плата во секој буџет, во секое семејство. Повеќе пари ќе обезбедиме за секое семејство. Веднаш ќе го донесеме Законот за стечајците. Како ќе се зголемуваат платите, ќе се зголемуваат и пензиите. За земјоделците гарантираме 640 милиони евра во првите 4 години за редовни, навремени субвенции. Не за мафијата, не за тајкуните блиски до власта, не за телевизиите кои одработуваат за власта, туку за вистинските земјоделци – рече тој.

Николовски истакна дека пратениците од Коалицијата за живот и идниот парламент нема да земаат трошоци како Силвана Бонева.

– Идната влада на Зоран Заев ќе брои 20 министерства, а не како сегашните 26. Педесет отсто од возилата во министерствата ќе ги скратиме, ќе ги скратиме непотребните трошоци. Нема Македонија да се задолжува за споменици, скулптури и реклами. Граѓаните треба реално да ја осетат придобивката од работата на Владата, а не преку реклами. Ќе го заплениме криминално стекнатиот имот во државата. Ќе обезбедиме законски основи после првата правосилна пресуда целиот криминално стекнат имот да се конфискува веднаш. Ќе го вратат назад и парите ќе ги вратат назад кај граѓаните – рече Николовски.