МВР: Еден маж е уапсен за големиот грабеж во НЛБ банка

0
1491

МВР денеска извести дека синоќа во полициската станица Кисела Вода еден маж е уапсен за грабежот кој се случил вчера во трезорот на НЛБ банка.

Вчера околу 16.58 часот Д.П., директор на Трезор на НЛБ Банка, пријавил дека нивен вработен Б.С.(40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот на банката. Според пријавата вработениот одзел швајцарски франци и евра се во вкупна вредност од околу три милиони евра, по што незабележан од никого побегнал во непознат правец. Истиот ден околу 19 часот, во врска со настанот во ПС Кисела Вода е приведено едно лице и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.