Горан Михајловски во својата последна колумна во Вест: Груевски се обидува да не убеди дека ДПМНЕ и СДСМ се исти, а не се!

0
1724

Ај да фатиме со ред. Опозицијата излезе со бомби со прислушувани разговори што откриваат индиции за криминал на власта. Државата влезе во длабока политичка криза. Цел свет се покрена да се постигне мировен договор. Хан сто пати доаѓаше од Брисел, Нуланд допатува од Вашингтон и се јавуваше на телефон, Пржино стана славно во странските медиуми, амбасадорите Бејли и Орав станаа неизбежен декор на сите средби меѓу власта и опозицијата, се формираше Специјално обвинителство за да ги истражи индициите за криминал во разговорите и да открие кој прислушувал, илјадници луѓе беа на улици и протестираа, шатори се дигаа, закони се менуваа… И

зошто? Е па ако досега не ни било јасно зошто сето тоа било потребно, ќе ни се разјасни сега кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го обвини СДСМ за мафијаштво и за поврзаност со криминалци. И кога Груевски, кој на крајот на оваа тешка година го изгубил трпението, ќе повика дека ова лудило на опозицијата треба да прекине. Кое лудило? Му пречи лудилото на опозицијата. А не се вознемирува од признанието на Ставрески што, исто така, го чувме на почетокот од годинава. Како беше она сеченото, лепеното и креираното: “Ние сме лудаци”. Тоа лудило не мора да прекине. Она што власта посветено и грчевито го прави додека преговара за создавање услови за фер и демократски избори, оди понатаму од обидот да се создаде мислење дека сите – и ВМРО и СДСМ се исти. Пораката не ВМРО оди уште подалеку. Дека нема подобро од ова. И подобро не може ни да биде. И дека не смееме да бидеме незадоволни од оваа убавина и здравје што нè снашле. Особено здравје.

Целата колумна на следниов линк ОВДЕ.