МВР ГО ОДРЕДИ ПОСЛЕДНИОТ ДАТУМ НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ СО СТАРОТО ИМЕ – ТИЕ НЕМА ДА ВАЖАТ ПО РОКОТ ДО 12 ФЕВРУАРИ 2024 ГОДИНА

0
1356

12 февруари 2023 е датумот одреден од МВР како последен до кога ќе може да се користат како валидни личните документи на кои стои старото име „Република Македонија“.

Тие нема да важат по рокот до 12 февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, велат од МВР. Граѓаните ќе мора да ги променат пасошите, личните карти и возачките дозволи во рок од шест месеци.

Според МВР, на 13 февруари 2024 година нема да можете да преминете надвор од државните граници со валиден пасош на кој стои старото име „Република Македонија“, односно, од тој датум, станува невалиден. Исто така, ако ве запре полиција со возило ќе ви напише казна ако вашата возачката дозвола не е со името „Република Северна Македонија.“ Неважечки ќе бидат и личните карти.

Ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ. „Старите документи после 12.02.2024 година нема да имаат важност, без разлика кога истекуваат. Со стара патна исправа нема да може да се преминува граница, ниту пак ќе биде прифатена како документ во институциите и со стара возачка дозвола нема да може да се управува моторно возило“, велат од МВР за РСЕ.