МАЈКАТА СТРУМИЧАНКА ЧИЕ 4 ГОДИШНО ДЕТЕ БЕШЕ СИНОЌА ХОСПИТАЛИЗИРАНО НЕУХРАНЕТО И СО МНОГУ РАНИ ЌЕ ОДГОВАРА КРИВИЧНО

0
216

Мајката на четиригодишното девојче од Струмица кое во тешка состојба беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје ќе се гони за Запуштање и малтретирање на дете. Според кривичниот законик, ѝ следуваат најмалку 10 години затвор (член 201, став 3).

„Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17.01.2024 година било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје“, велат од обвинителството.

Девојчето тежело едвај 8 килограми и освен неухрането во струмичката болница било однесено во толку тешка состојба што веднаш била неопходна реанимација. Било премрзнато и со многу рани по телото.