(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Заев во посета на германската компанија „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“: Планирани се нови инвестиции од 24 милиони евра и над 200 нови вработувања

0
998

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и со в.д. градоначалникот на Oпштина Охрид, Константин Георгиевски вчера ја посетија фабриката „Костал“ Македонија ДООЕЛ Охрид.

02022019_kostal_2

При обиколката на постоечкиот производствен погон, којшто се протега на површина од 5,800 метри квадратни и дополнителни 6000 метри квадратни магацински простор, раководството на компанијата, односно извршен потпретседател Крис Сандер и директорот Виктор Мизо го запознаа премиерот Заев со начинот на изработка на електронските и мехатронските софистицирани компоненти коишто се употребуваат во автомобилската индустрија.

02022019_kostal_3

Исто така, раководството на компанија, ги информираше премиерот Заев и министерот за транспорт и врски Сугарески дека нивни постојни клиенти се BMW, Daimler, Porsche, Tesla и Rolls Royce. Од оваа година, „Костал“ ќе изработува и проекти за Audi, Volkswagen, Seat и Skoda.

02022019_kostal_4

„Сега сме на самиот почеток од она што сакаме да постигнеме во Република Македонија и од технологиите што сакаме да ги воведеме“, истакна Крис Сандерс, извршен потпретседател на компанијата „Костал“.

02022019_kostal_5