ЦО на ДУИ потврди дека БОМБИТЕ на Заев може да ја раздрмаат коалицијата со ДПМНЕ

0
1018

Случајот со прислушкувањето може да ги наруши партнерските односи во владината коалиција и затоа за ова прашање треба сериозно и внимателно да се дискутира, оцени ДУИ на денешниот централен одбор на партијата одржан во Гостивар.

dui-460x272

Според генералниот секретар на партијата, Абдилаќим Адеми, дел од заклучоците донесени на централниот одбор ќе бидат и точки на дневен ред на тематскиот конгрес на партијата, кој ќе се одржи на 28 и 29 март.

„Треба внимателно да се дискутира за политичката криза, затоа што истата може да има сериозни последици во повеќе аспекти на општествените и политичките односи. Од денешната дискусија ќе произлезат и предлози за тематскиот конгрес на ДУИ закажан за викендов“, изјави Адеми.

На Конгресот како што најави Адеми, ќе се дискутура и за за економската состојба, рамковниот договор и евроинтеграциите на Македонија.

извор: Мета.мк