МАФИЈАТА ЈА ДОБИ ПОРАКАТА: КОГА ЛУЃЕТО ЗАБЕГУВААТ СО ПАРИ ШТО НЕ СЕ СТЕКНАТИ СО ПОТ И ТРУД, ЧЕСТО СЕ ПРОБЛЕМАТИЧНИ, ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ПРАШАЊЕ ЗА КАМЧЕВ!

0
878

Лидерот на СДСМ Зоран Заев верува дека правосудството ќе смогне сили да ги доврши сите постапки. – Зоран Заев; Орце Камчев (Фото: СДК.МК)

Орце Камчев па и секој друг бизнисмен и политичар кој се огрешил пред законот мора да одговара, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за Камчев.

„За господинот Камчев како еден од бизнисмените кои се посилни во државата можам да зборувам од она што го имам прочитано во медиумите, од изјавите на судии и обвинители во процеси, истраги и предистраги. Секој е невин додека не се докаже вината. Но, кога луѓе забегуваат со пари, кои што веројатно се крадени, не се стекнати со пот и труд, многу често се проблематични секаде во светот така и кај нас. Парите стекнати на незаконски начин купуваат човечки души, влијание и моќ, девастираат право и уништуваат цели системи. Затоа треба процесите за секој да се разјаснат и сите да бидат еднакви пред законот“, рече Заев
Тој кажа дека секој што се огрешил мора да одговара без разлика дали станува збор за лидер на партија, политичар или бизнисмен како Орце Камчев.

„Верувам дека правосудството ќе смогне сили да ги доврши сите постапки, на само тие кои се отворени туку и истрагите. Само така може да ја испратиме пораката дека кога ќе има одговорност тогаш ќе внимаваат сите други што прават“, додаде Заев.