Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ не може да испорача прозападни и проевропски вредности за кои сите се залагаме

0
802

Парадигма која нуди надеж, Европа, прозадпадни вредности и иднина за сите граѓани е она што се очекува во оваа кампања, изјави аналитичарот Ненад Јовановиќ во емисијата„ Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Од друга страна пак Јовановиќ гледа друга политичка парадигма која е назадна, антимодерна и политичка структура која е нереформирана.

„ВМРО-ДПМНЕ нема јасна цел каде сака да ја води оваа држава и овие граѓани и не може да испорача прозападни и проевропски вредности за кои сите се залагаме“, истакна Јовановиќ.