ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЗА УТРЕ ВО 15 ЧАСОТ СВИКА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ЌЕ РЕФЕРИРААТ ШЕФОВИТЕ НА АГЕНЦИИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗУЗНАВАЊЕ

0
363

На 23 јануари 2023 година (понеделник) со почеток во 15:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 18-та седница на Советот за безбедност.На дневен ред на редовната седница на Советот за безбедност ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Видео инсерти и фото материјали од почетокот на седницата на Советот за безбедност ќе бидат дистрибуирани од страна на службата за односи со јавност на претседателот.По завршувањето на седницата ќе следи изјава на претседателот Стево Пендаровски, што ќе се пренесува во живо на YouTube и Facebook платформите на претседателот.

Покануваме медиумски екипи во Кабинетот на претседателот во 16:30 часот.