МАРОКО ЈА ПОБЕДИ ПОРТУГАЛИЈА И Е ПРВА АФРИЧКА ЗЕМЈА КОЈА ЌЕ ОДИ ВО ПОЛУФИНАЛЕ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

0
679

Фудбалската репрезентација на Мароко направи нова сензација! Африканската селекција пак зеде скалп од Пиринеите, овој пат на Португалија (1-0) и обезбеди историско место меѓу четирите најдобри на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар.

Лавовите од Атласот повторно брилјираа и ја искористија шансата која им се даде за гол на натпреварот. Мароканците еднаш го совладаа Коста и така го оставија Кристијано Роналдо без титула на Светските првенства.

Мароко е втората селекција која ќе игра четвртфинале на СП, а не доаѓа од Европа или Јужна Америка. Државата влезе во друштво на САД (1930 година) и Јужна Кореја (2002 година). Ова беше прва елиминација на Португалија во четвртфиналињата, а Мароко стана првата селекција од Африка во оваа фаза.