МАРИЧИЌ ОД БРИСЕЛ : СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА ЛИДЕРСТВО И ПОТВРДУВАЊЕ НА НАШАТА ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА

0
623

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, кој е во официјална посета на Брисел, денес после остварените средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела а ќе разговара и со Симон Морду, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот Совет, Мишел, вели дека мора лидерите на ЕУ да го искористат овој историски момент и да одговорат на актуелната криза со официјализирање на европската перспектива на регионот.

– Вистинско време, кое мора да го искористиме, за старт на преговорите на Унијата со Северна Македонија и Албанија. Секој отпор и воздржаност на ЕУ кон Западен Балкан дополнително ќе ја намалува атрактивноста на Унијата и ќе го поткопува нејзиниот кредибилитет во регионот. Наша стратешка определба е членство во Европската Унија и би било добро годинава да се дефинира политиката на проширување, во насока на кредибилно партнерство и со поголема посветеност кон кандидатите и потенцијалните кандидати, посочи вицепремиерот Маричиќ на средбата со средбата со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино.

Санино потврди дека Европската служба за надворешни работи ја цени нашата проевропска ориентација, а нашата земја, како и целиот регион, е стратешки партнер на Унијата.

На средбата со Симон Морду, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот Совет, Мишел, вицепремиерот Маричиќ ја потенцираше важноста за понатамошен поинтензивен ангажман и посветеност на ЕУ во овој момент на Западен Балкан, со што ќе се потврди стратешко партнерство на Северна Македонија со Унијата и општо стабилноста на овој регион за Европа.

Вицепремиерот Маричиќ низ отворен и конструктивен разговор со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, направи преглед на постигнатиот напредок на европската агенда, потенцирајќи го интензивното работење на Владата за исполнување на задачите и критериумите за почеток на преговорите, со посебна посветеност на европската реформска агенда, што е нотираат во сите меѓународни извештаи.

– Западен Балкан не само географски туку и вредносно припаѓа на ЕУ и сите земји од регионот треба да станат членки на Унијата кога ќе ги исполнат условите за тоа. Ние одамна ги имаме исполнето и време е лидерите на ЕУ да покажат лидерство и да ја потврдат посветеноста на Унијата на Западен Балкан и неговата европска перспектива. Почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе биде успех за целиот регион, рече Маричиќ на средбата со Матуела.

На средбите беа поздравени напорите на нашата земја за спроведување на реформите и целосното усогласување на надворешната политика со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека нема промена во надворешнополитичкиот курс на ЕУ и дека Северна Македонија е перципирана како полноправна членка на европското семејство.

Утре вицепремиерот Маричиќ агендата во Брисел ќе ја започне со брифинг на Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), на кој ќе информира за напредокот на земјата во реформите во насока на подготовка на земјата за почеток на преговорите за членство со Европската Унијата, по што ќе следи средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со координаторот на Европската Комисија за Северна Македонија, Марк Јорна.