ФИЛИПЧЕ: ЌЕ СЕ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ НА ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ

0
750
“До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници” – најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека до Владата ќе биде поднесен предлог за измена на Законот за здравствената заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти што се лекуваат од коронавирус.

Ваквата одлука била донесена денеска на состанокот на Кризниот штаб.