МАРИЧИЌ ВО БЛЕД НА БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ СО ТАЊА ФАЈОН И ЛОРАНС БУН

0
321

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска престојува во Словенија каде ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, кој годинава е со наслов „Солидарност за глобална безбедност“.

Пред официјалното отворање на форумот од страна на Тања Фајон, заменик претседателката и министерка за надворешни и европски прашања, Маричиќ заедно со премиерот Ковачевски ќе остварат билатерални средби со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На вториот ден на Бледскиот стратешки форум вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ ќе биде говорник на панелот на тема: Збогум Европа! (?) – Глобален брод или Глобален лидер: Европа во Нова Геополитичка Возраст, на кој негови соговорници ќе бидат Аранча Гонзалез, Декан на Париско школо за меѓународни односи, Федерика Могерини, Ректор, Колеџ на Европа, Кристофер Смит, Заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа, Мирослав Влачовски, Министер за надворешни и европски прашања на Република Словачка и Тања Фајон, Заменик претседателка и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, со која ќе оствари и билатерална средба.

Маричиќ на маргините на Бледскиот стратешки форум ќе се сретне и со делегација предводена од државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоранс Бун и со претседателот на СДП Хрватска, Пеџа Грбин.

Меѓународната конференција на Бледскиот стратешки форум е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа, која се одржува секоја година на езерото Блед, Република Словенија, на која учесниците од различни области ќе разменат мислења и да генерираат идеи за справување со сегашните и идните глобални предизвици.