(ВИДЕО) УШТЕ ЛОШИ ВЕСТИ: ШЕСТ НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА, МЕЃУ КОИ И 4 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ШТИП КОЕ СЕ ЗАРАЗИЛО ВО АНГЛИЈА

0
886

До 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус.

Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат 35 лица, кога ќе бидат готови резултатите ќе ја известиме јавноста.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.