МАКТЕЛ – МЕГА СКАНДАЛ: ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО СО ПИСМО ГО ПРЕДУПРЕДУВА МЕЏИТИ ДЕКА ЦЕНАТА ЗА ТРИКАФТА Е ПОВИСОКА ЗА 240 000 ДЕНАРИ ПО ПАЦИЕНТ ОД ПРЕТХОДНО ПОСТИГНАТА ЦЕНА ЗА МНОГУ ПОМАЛКУ ПАЦИЕНТИ?!?!

0
1922

Порталот Мактел дознава дека ФЗУ реагирале со писмо до министерство за здравство со чудење зошто е цената за лекот Трикафта за 240 000 денари повисока по пациент, кога се работи за набавка за поголема бројка на пациенти? Дали се укажува на можна корупција во тимот на министерот за здравсто кои ја прават набавката? Се работи за 66 пациенти, па вкупната разлика во цена годишно е 260 000 евра, или за две години околу пола милион евра?!

Многу сомнително е што и самиот фонд потенцира дека се работи за набавка без тендер затоа што се работи за еден производител во светот па многу е голема можноста за корупција и договарање на цените. Мактел неофицијално дознава дека министерот Меџити многу бурно реагирал на ова писмо и вршел притисок упатил закани кон директорката Грашковска со закани дека ќе ја смени од директорското место поради оваа постапка од нејзина страна.

Вкупната набавка е околу 15 милиони евра: