Жугиќ, Дурловски, Зафирчев, Пројковски не пријавиле имотен лист иако извршуваат државна функција

0
1389

Директорите на најголемите театри во земјава и по неколку години на функција немаат поднесено имотни листови во Антикорупциската комисија. При проверката на базата на податоци утврдивме дека анкетен лист, во кој треба да дадат отчет колку пари и имот поседуваат, немаат поднесено следниве директори.

Дејан Пројковски – директор на „МНТ“

Игор Дурловски – директор на Македонска опера и балет

Роберт Велјановски – директор на „Драмски театар“

Јелена Жугиќ – директор на „Театар комедија“

Васил Зафирчев – уметнички директор на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“

Благој Мицевски – директор на „Народен театар – Битола“

Имотен лист поднеле единствено Братислав Димитров – директорот на „Театар за деца и младинци“ и Атила Клинче, директор на „Турскиот театар“.

Секој функционер, директор, член на Управен одбор во државна институција има законска обврска во рок од 30 дена од стапување на функцијата да поднесете анкетен лист во Антикорупциска. Oвие директори се на функција веќе неколку години, но Антикорупциската комисија за нив нема отворено постапка, ниту пак ги казнила за кршење на Законот за спречување на корупција.

Законот за спречување на корупцијата е донесен уште во 2002 година и таму јасно пишува:

„Против избрано или именувано лице, како и друго службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, може да се поведе постапка за испитување на имот и имотна состојба, ако лицето не дало анкетен лист“.

Освен испитување на имотната состојба, предвидена е и казна во износ од 500 до 1.000 евра за функционерот кој нема да поднесе задолжителна пријава.

Директори преку ден, навечер патриоти

Игор Дурловски е директор на „Македонската опера и балет“ од ноември 2015 година. Тој во моментов е во први редови на протестите на  „Иницијативата за заедничка Македонија“.

„Мојата кариера не зависи од директорската фотеља! Сум имал и се уште имам повеќе ангажмани во странство отколку што можам физички да прифатам. Штутгард, Макао, Москва, Рим, Виена, Лајпциг, Линц, Токио и многу други. Само што откажав ангажман во Палермо, Токио и Осака овој месец за да бидам со моите сограѓани во овие пресудни моменти, а еден мој ангажман во странство е еднаков на две годишни директорски плати. Повелете “пукајте”! Да живее Македонија! П.С.Се гледаме пред влада.“, напиша Дурловски на фејсбук“.

Јелена Жугиќ на чело на „Театар комедија“ е од 2011 година кога беше формирана оваа институција. Таа исто така секогаш е на „браникот на одбрана на татковината“ секогаш протестира ВМРО-ДПМНЕ. Лани еден нејзин фејсбук статус предизвика лавина реакции кога повика да се употребат гумени куршуми против учесниците во „Шарената револуција“. За последните протести повторно се огласи.

„Платформата не ја бива! И точка!!! Македонци дојдете пред влада!!!!!!!!“, пишува директорката.

zugic

И Васил Зафирчев, директорот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот, е дел од протестите во неговиот град Велес. Зафирчев преку фејсбук порача:

„ Ако на душегрижниците сеуште не им е јасно зошто секоја вечер, 9 дена по ред, во 26 градови низ земјата околу 100000 граѓани се на улица со поддршка на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”, најважно е дека му е јасно на народот, затоа што ја проѕре подлата намера и ја почувствува опасноста од крајната цел која му се заканува. И затоа нема да им помине. Тоа нека им е јасно како ден“.

zafircev

Името на Роберт Вељановски, директорот на „Драмски театар“, се појави како едно од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, тој тврдеше дека не донирал 60.000 денари на партијата.

1941555_10200584157566147_134599867_o

Дејан Пројковски е директор на „МНТ“ од октомври 2015 година, но и тој не си ја исполнил својата законска обврска.

projkovski_foto_1Извор: КриминалитеНаВмроДпмне