МАКСО : НЕ ДОЗВОЛИВ ПЛОШТАДОТ ВО КУМАНОВО ДА СЕ ПРЕИМЕНУВА ОД НОВА ЈУГОСЛАВИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, ЗНАМЕТО ОД ВЕРГИНА Е НАШ СИМБОЛ!

0
1692

  • Вергината беше составен дел на македонската историја, јас бев во АРМ и тука на рамо ми стоеше Вергината. Нема договор, нема преговор којшто може да ми ја промени историјата.

    Вие може да ставите што сакате во правен акт и да потпишете и јас како официјален претставник на оваа држава ќе го почитувам но не може да ми наметнете како да се однесувам дома и што да носам дома.

    И во Куманово имаше иницијатива да се менува името на плоштадот,не дозволив, било името ,,Нова Југославија”, да го промениме во ,,Македонија”. Не бе другари, ајде да направиме иницијатива да изградиме нов а тоа беше нашата историја, кој сум јас да ја менувам историја и да бришам на шахти сонце од Вергина.

Максим Димитриевски за Канал 77.