ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА ШЕКЕРИНСКА – АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ И ПОДАРИ АМЕРИКАНСКО ЗНАМЕ ЗА ВИСОКИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ВО ВОЕНАТА СОРАБОТКА НА САД И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
539

Денес ми беше укажана голема чест. Американското знаме кое ми беше предадено на свечена церемонија како признание за високите достигнувања во одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, најдобра во изминатите 28 години, ја зацврсти мојата определба дека служењето на својата држава и народ е најголемата привилегија само доколку даде видливи резултати.

За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работи на двата историски резултати во двете последни, пандемиски години: во 2020 година членство во НАТО, а во 2021 за рекордно кратко време целосна воената интеграција во Алијансата.
Овие успеси се наша национална гордост. И затоа денешниот ден ми влеа верба дека ниту еден напор, ниту еден труд не е залуден.