МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : ПОЧНАВМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТОАЛЕТИТЕ ВО ООУ ,,ВУК КАРАЏИЌ”, ГО ВРАЌАМЕ СЈАЈОТ НА УЧИЛИШТАТА ВО КУМАНОВО

0
455
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска
информираше дека започната е реконструкцијата на тоалетите во ООУ „Вук
Караџиќ“, а проектот вклучува и нова влезна врата на училишниот двор.
„Започнавме со реконструкција на тоалетите во основното општинско
училиште „Вук Караџиќ“, а во иднина се планира поставување на нова
енергетско ефикасна фасада на целиот училишен објект. Во изминатиот
период во оваа училиште се реализирани повеќе проекти. Изградено е ново
мултиспорт игралиште со тартан подлога, голови, кошеви и трибини во
училишниот двор. Заменети беа сите прозорци со нови енергетско ефикасни
ПВЦ прозорци на целиот училишен објект и целосно беше реконструиран
кровот на училиштето. Го враќаме сјајот на училиштата во Куманово, за
подобри услови на идните генерации“, рече Димитриевски.