(ФОТО) ЕКСКЛУЗИВНО: Кој ја обезбедува специјалната обвинителка Катица Јанева? Мактел дознава дека бодигардот кој беше забележан на нејзиното положување заклетва не е вработен во МВР?!

0
2060

katica bodigard 1

Дали обезбедувањето на Катица Јанева не е дел од МВР, туку е надворешен проект т.е обезбедувањето е дел од постојното обезбедување на американската амбасада?!

Причина за оваа недоумица е фактот што бодигардот кој беше забележан покрај Катица на нејзиното положување заклетва е непознат за сите вработени во МВР, вклучиетло сите специјални единици, овој човек никој досега не го видел на ниеден јавен настан. Дали е ова човек од доверба на американската амбасада и дали целото обезбедување на објектот каде ќе работи Јанева како и останатите обвинители ќе биде обезбедено од американската амбасада?

Оваа информација засега не ни е проверена но ќе се обидеме да дојдеме до повеќе информации.

Инаку од она што имавме прилика да го слушнеме на снимките, ВМРО од МВР направило свој штаб, слушнавме како шефот на кабинет на Груевски со себе водел бараби вработени во МВР за да тепа и апси невини цивили во Охрид, слушнавме како министерката Јанкуловска направила изборен штаб во самото седиште на МВР на Водно, па сосема е разбирливо доколку Катица Јанева се одлучила за лично обезбедување да се обрати во американската амбасада.

Оваа држава под власта на Грујо не е држава, туку е една распадната афричка вукојебина па американскиот и ЕУ амбасадорот мора да ја крпат повторно и да ја составуваат иако ние со голема галама славиме 24 години незавизност иако сме одамна умрени како држава и како општество, претворени сме во приватна касаба со фамилија на власт која се замислува дека е фараонска династија која може да прави што сака во оваа земја!