МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : НОВИТЕ ДВА КРУЖНИ ТЕКОВИ СЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА, ВО КУМАНОВО ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ

0
690

Почитувани,

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, информира дека
во завршна фаза е проектот за изградба на новиот кружен тек и паркинг
простор на спојот помеѓу двата најголеми булевари во Куманово, бул.
Трета МУБ и бул. Октомвриска Револуција, со што се решава деценискиот
сообраќаен проблем на овој потег.

„Новиот асфалт е во два слоја во површина од 5.560 метри квадратни и
паркинг простор со површина од 405 метри. Следува уредување на тротоари
во површина од 2.050 метри квадратни. Предвидена е изработка на средно
зеленило во кружниот тек и помеѓу пешачките патеки со површина од 1.550
метри квадратни. Ќе бидат поставени корпи за отпадоци и фаза за
осветлување со 39 светилки. На пешачките премини, острови и тротоари ќе
бидат спуштени бетонски рабници за непречено движење на пешаците, лицата
со попреченост и родители со колички за деца. Предвидено е поставување
на нова вертикална и хоризонтална сигнализација од 450 метри квадратни“,
потенцира Димитриевски.

Димитриевски истакнува дека во завршна фаза е и вториот нов кружен тек
на крстосница помеѓу бул. Трета МУБ, ул. Бајрам Шабани и ул. Гоце Делчев
со што се реализираат два кружни тека од предвидените нови 4 кружни
текови.

Во претходниот мандат беше изграден еден кружен тек со паркинг простор
на влезот од градот.