КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ ПОРАДИ „ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ“, НАБАВИЛЕ МАЗУТ ПОВЕЌЕ ОД ШТО ТРЕБА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БОЛНИЦАТА

0
1145

„Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе  кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за   П.Р.(45) и И.Ј.(66), двајцата од Прилеп, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353  од Кривичниот законик.

Првопријавениот П.Р. кривичното дело го сторил како службено лице во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во период од 02.10.2015 до 04.08.2017 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба и постапувајќи спротивно на Законот за јавни набавки, при што во име на јавната установа од економски оператор, без да спроведе постапка за јавна набавка, набавил мазут во вкупна количина од 190.425 килограми со вкупен износ во вредност од 5.483.198.00 денари. Второпријавениот  И.Ј., во својство на службено лице во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во периодот од 07.08.2017 до 14.11.2017, злоупотребувајќи ја својата службена положба постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во текот на ноември 2017 година набавил мазут од 6.020 килограми повеќе и исплатил износ во вредност од 257.428.00 денари повеќе од предвидената количина и вредност во Договорот на економски оператор, иако согласно своите должности и овластувања по исполнување на предвидената количина и вредност во договорот требало да донесе нова Одлука за спроведување постапка за јавна набавка.

Со вака преземените дејствија, прво и второпријавениoт во корист на правно лице од Прилеп му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 5.740.626 денари.