Запалени десетина возила во Куманово, приведено едно лице

0
1226

Во периодот од 23.30 часот до 00.45 часот синоќа засега од непознати причини опожарени се десетина патнички моторни возила, на неколку улици во Куманово.

Како што информиаат за МИА од МВР, приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и откривање на причините за опожарувањето на возилата.

Инаку, од страна на противпожарната единица во Куманово навремено е реагирано и е изгаснат пожарот во возилата.