МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ Е ТРОЈАНСКИ КОЊ – ОЦЕНУВА ПЕНОВ, АНДОНОВСКИ ВЕЛИ АНКЕТИТЕ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СЕ БЛИЗУ 60 ПРАТЕНИЦИ

0
332

Спротивставени се ставовите на денешните гости на „Стадион“ на Канал 77. Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ вели дека ќе се повтори 2006 кога ВМРО ДПМНЕ за еден месец состави влада, додека Ристо Пенов од ЛДП оценува дека ќе биде тешко, бидејќи ќе нема јасен победник ни во македонскиот ни во албанскиот блок.Андоновски лоцира неколку проблеми кои ќе се одразат на излезноста и нереалниот број на гласачите, бидејќи иако има запишани ќе има скоро 2 милиони со право на глас, тие не се во државата.

-Од тие што останаа во државата над 60% ќе излезат на гласање од присутните, а тоа е 50-55% од запишаните гласачи. Освен тоа големо е разочарувањето во последните 30 години кај населението. Не очекувам дека СДСМ до изборите ќе донесе инвестиции како Гугл и Фејсбук или ќе го произведат првото електрично возило во Тетово или некоја поволна мерка за граѓаните, изјави Андоновски.

Тој смета дека ВМРО ДПМНЕ ќе може брзо да состави влада и според анкетите веќе има мнозинство со тоа што е многу блиску до 60 пратеници.

Пенов пак вели дека не’ очекува долг период на разрешување на изборните резултати – очигледно дека нема да има голема победа ни во албанскиот ни во македонскиот блок.

-Ќе биде период на долги преговири и искушенија околу составувањето на новата влада. Битката ќе биде кој ќе успее да „разбуди“ што повеќе од неопределените гласачи. Не може да се споредува со периодот јули – август 2006 година, кога во овој блок на кој сега припаѓам имаше Тројански коњ во името на Тито Петковски, кој одвлече гласачи. Сега тоа е Максим Димитриевски, кој излегува со антибугарски и антиалбански тези и многу повеќе се занимава со тезите на Левица не очекувам да постигне голем резултати на изборите, изјави Пенов, кој оценува дека ќе треба голема мудрост по 8 мај, за да се состави влада.„Стадион“ се емитува во живо и може да го погледнете на линкот подолу: