БОЈМАЦАЛИЕВ : НЕМА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ВРАБОТЕН ВО МВР

0
145

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денес во работна посета на СВР Струмица одговарајќи на новинарски прашања, беше запрашан за наводна кривична пријава против вработен во МВР.За информацијата дека во СВР Струмица за тројца вработени е поднесена кривична пријава до јавното обвинителство Бојмацалиев истакна дека не се работи за кривична пријава против никој колега.

„Не е поднесено никаква кривична пријава против никој колега. Тамо има известување до Одделот за внатрешна контрола и известување до јавниот обвинител да се провери целиот случај. Конкретниот случај се работи, на некое лице му е затаена целата дисциплинска постапка. Инаку и до кај мене и до министерот Тошковски е дојден акт кој се вели дека е застарен случајот и треба да се затвори тој случај и е потпишано и од двајцата. Повторувам уште еднаш, нема никаква кривична пријава поднесена против никој колега.“, потврди дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.