Штрајкот е организиран преку Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, каде членуваат вработените во Шуми. Во штрајк денеска стапија и 52 вработени во подружницата „Црн Бор“ на „Македонски шуми“ во Прилеп.
„Штрајкот е организиран по основ на неисплатена јануарска плата, еве февруарската веќе е на прагот, а исто така имаме неисплатени теренски додаток за една година и штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нашите барања. Иако беше на некој начин разговарано, имавме обиди со генералниот директор и ни беше ветувано дека овие барања ќе бидат реализирани, но до денес ништо од тоа не се пствари, барем до овој момент“, рече Боби Кукуноски, синдикален претставник на подружницата „Црн Бор“ на „Македонски шуми“ во Прилеп.