Холандскиот амбасадор Воутер Пломп ЖЕСТОКО ГИ ЗАПУКА Грујо и ВМРО-ДПМНЕ – Пломп: Нема крај на кризата додека не се стави крај на неказнивоста и неодговорноста

0
1288

Холандскиот амбасадор во Скопје Воутер Пломп кажа дека е многу опасно да се користат меѓуетничките тензии за да се одвлече политичкото внимание од други работи во синоќешното интервју за телевизијата „24“.

„Меѓуетничките односи можат да бидат чувствителни и затоа политичарите мора да бидат многу внимателни со јазикот кој го користат. Голем напредок за решавање на кризата се направи врз основа на Договорот од Пржино, но нема да има крај на кризата сè додека не се стави крај на неказнивоста и на големиот недостаток на одговорност, бидејќи тоа беше и изворот на политичката криза. Мислам дека е многу опасно да се користат меѓуетничките тензии за да се одвлече политичкото внимание од други работи“, рече Пломп.

Прашан за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да одбие да го даде мандатот за формирање влада предводена од СДСМ, холандскиот амбасадор одговори дека формирањето влада врз основа на резултатите од изборите е најбрз начин за излегување од кризата.

„Без разлика дали доаѓа од ЕУ, НАТО, САД или од ОБСЕ, пораката е многу јасна – формирањето влада врз основа на резултатите од изборите е најбрз начин за излегување од кризата. Изборите не се само за победување, туку и за формирање на коалиции. На крајот, се работи за мнозинска коалиција која ќе мора да формира нова влада. Новата влада треба да биде формирана врз основа на резултатите од изборите од 11 декември и да почне да спроведува реформи“, вели тој.