МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО ГЕРМАНИЈА ПРЕТЕПАН ДО СМРТ СО ПИВСКО ШИШЕ

0
196

Македонец (32) бил убиен во германскиот град Есен. Настрадал по расправија со двајца Еритрејци.

Кавгата се претворила во тепачка, а македонскиот државјанин бил удрен со пивско шише, објави германски Билд.

Сведок на настанот веднаш му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот кој бил онесвестен, но веднаш потоа починал во болница како последица на повредите.

По извршената обдукција, констатирано е дека Македонецот починал како последица на нападите од тап предмет, односно поради ударите со шишето.
Обвинителството го истражува случајот. Нема детали што била причината за расправијата.