ЛУКАРЕВСКА : СО СДСМ МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ДОЖИВУВА УСПЕСИ, СКОПЈЕ КУЛТУРНА ПРЕСТОЛНИНА, СОЧУВАН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ОДЛУКА НА УНЕСКО

0
389
Сите ние денеска со гордост можеме да кажеме дека со СДСМ македонската култура доживува значајни успеси а нашата традиција, историја, идентитет и културно наследство се сочувани и заштитени.
-СДСМ и во културата има конкретни резултати кои навистина прават разлика. Нашиот главен град, Скопје, е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година“. Европските експерти ја препознаа посветеност на надлежните институции предводени од СДСМ. Добивањето на оваа престижна титула е можност за силен културен развој на градот, реализација на нови проекти со кои ќе се збогати европската културна таписерија со македонските богатства. Овој избор е признание на сите заложби на институциите предводени од СДСМ, пред се Министерството за култура, на Бисера, на Владата но и поранешната локална власт во градот токму од СДСМ која имаше визија и ја подготви апликацијата. Надлежните институции се подготвени да одговорат на предизвикот. Владата којашто ја предводи СДСМ, Министерството за култура безрезервно ја поддржува реализацијата на овој проект. Симболиката на овој државен успех ја покажува разликата помеѓу СДСМ и ДПМНЕ, додаде таа. Додека ДПМНЕ го уназадува Скопје, му предизвикува нова катастрофа, СДСМ обезбедува можности за развој и напредок., рече Лукаревска.
Овој нов успех на македонската култура дојде само неколку дена по одлуката на Комитетот на УНЕСКО со што го сочувавме престижниот статус на нашиот бисер, потенцираше Лукаревска.
-Охридскиот регион остануваат на листата на светско културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност. СДСМ, преку институциите коишто ги предводи покажа одговорност и сите преземени чекори и постапки сега се препознаени и соодветно валоризирани, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукревска на трибината „Резултати што прават разлика“ денеска во Гостивар.