ЛУДИТЕ ТЕЗИ НА ЛАТАС, ОВОЈ ЧОВЕК КРЕИРАШЕ ЈАВНО МИСЛЕЊЕ 12 ГОДИНИ – ШТО ЌЕ НИ Е ЕУ, ШВАЈЦАРИЈА НЕ Е ВО ЕУ ПА Е НАЈБОГАТА ВО СВЕТОТ??!?!

0
1123

Во својата најнова колумна на Вечер.мк, куртон Латас пишува:

“Убеден сум дека утре да почнат преговорите со ЕУ за членство тоа нема да има скоро никакво влијание на расположението на гласачкото тело на кое му е јасно дека преговорите сами по себе нема да решат ниту еден проблем на граѓаните. Тоа е процес кој ќе трае 15-20 години, па дури потоа можеме да очекуваме некакви реални промени во своите животи од европската приказна. А тоа е далеку, за некои подолго и од животот.

Швајцарија не е во ЕУ, а живее многу подобро од Романија, Бугарија, Полска… Србија не е во ЕУ а по глава на жител има дупло повеќе инвестиции и поголем економски раст од Бугарија или Романија… Приказната за ЕУ не ги полни фрижидерите и лечи болестите.”

Човекот е 30 години новинар, од кои речиси сите е уредник и не му е јасно дека Швајцарија е најбогата затоа што е опколена со земји членки на ЕУ, не војувала 1000 години, и е даночен и банкарски рај за сите светски криминалци и диктатори кои откако ќе опљачкаат држава парите ги носат во Швајцарија поради нивниот закон на тајност на банкарските сметки по секоја цена.

Тезите пак дека преговорите ќе траеле 20 години е смешно, преговорите ќе траат онолку брзо колку ќе сработиме, ако се фатиме за работа и ги засукаме ракавите целиот процес може да заврши за 5 години што е додека да трепнеш, падот на Грујо беше пред 6 години а се чини како да беше вчера…

Добро е Латас барем не претера со манипулациите и не ја спореди Македонија со Израел како што правеше попот од Интегра, барем и Латас има мерки до каде може да иде со манипулација…