ДИМИТРИЕВСКИ ОД ПРИЛЕП : ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ И ГРАЃАНИТЕ ЌЕ И ДАДАТ ЦРВЕН КАРТОН НА ВЛАСТА И ЌЕ ЈА ОСВЕСТАТ ОПОЗИЦИЈАТА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ

0
52

Вечерва кандидатот за Претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За
наша Македонија, Максим Димитриевски, се обрати до граѓаните на Прилеп.

„Тоа што ќе го напишеме го остваруваме, тоа што ќе го кажеме го
реализираме. За разлика од оние за кои се боревме да дојдат таму кадешто
се сега, и за време на шарената револуција, а и пред шарената револуција
и подоцна, за мене сеуште зборот е збор и сеуште сметам дека нема правда
и нема мир, а ќе ја има“, рече Димитриевски.