Лазаревска за чистката во Телма: Кировски брише големи новинарски имиња

0
1353

Без никакво образложение, раководството на Телма утрово прогласило 12 новинари за технолошки вишок, меѓу кои и значајни новинарски имиња како Емилија Лазаревска, Јулијана Пешевска, Соња Николовска, Томислав Османи, Панта Џамбазовски и други вработени од информативната, филмската, културната и забавната редакција на телевизијата.

Поранешната уредничка на Телма, која од утрово е прогласена за технолошки вишок, Емилија Лазаревска за А1он вели дека уредникот Атанас Кирковски тоа го најавил уште од првиот ден, но поради тоа што во меѓувреме се случувале повеќе работи, како судски процеси со неа, Кирковски веројатно барал подобар начин како да направи „чистка“ во телевизијата, па го одбрал овој метод.

– Она што изненадува е тоа што на тој список се наоѓаат големи новинарски имиња кои 20 години го крепат идентитетот на Телма, а најстрашно е тоа што вели дека го презема овој чекор затоа што имало пад на телевизијата од почетокот на годинава, вели Лазаровска.

Таа вели дека Кирковски од неговото доаѓање носи нови луѓе, што според нејзина проценка се движат помеѓу 30 и 50 нови вработени. Поради лошите услови за работа и меѓучовечки односи, вели Лазаревска, дел од стариот кадар на Телма си заминува затоа што не можеле да издржат повеќе.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ