ЛЕВИЦА ПРИЛЕП : КОИ СЕ СКРИЕНИТЕ ЛИЦА-ФАНТОМИ ШТО РАБОТАТ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП?

0
710

��Налик на неодамнешната ситуација во град Скопје, каде според тамошната градоначалничка имало вработени на т.н. платен список (вработени кои што со месеци не оделе на работа, а земале плата), така и во Прилеп имаме слична ситуација, можеби и по комплицирана затоа што во овој случај општината не ни ги дава имињата на вработените што се
ангажирани преку приватна агенција за вработување!

⁉На последното наше Барање да ни бидат доставени овие податоци заедно со образованието на сите вработени во Општина Прилеп што се ангажирани преку приватната агенција за вработување ни беше одговорено цитирам: НЕ СМЕ ИМАТЕЛИ НА БАРАНАТА ИНФОРМАЦИЈА.

❗Во случајов самата општинска администрација негира дека ги познава овие лица што ДЕ ФАКТО се вработени во самата администрација! Последен податок беше дека имаат вкупно 24 вакви вработени, и дека по основ на плати и разни додатоци на плати како и дежурства и трети смени ја коштаат општинава окулу ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ МЕСЕЧНО!

❌Дека ситуацијата е загрижувачка упатува и фактот што НИ ПОТВРДУВААТ дека системот за електронска евиденција на работното време во општината не работи (популарно куцање на тагови), немаат назначено лице-администратор што ќе следи и ќе води список со тоа кој кога влегува и кога излегува од работно место во општинската зграда, немаат ангажирано фирма за одржување на самиот систем (иако се обврзани на тоа), па следствено на тоа ние како граѓани доаѓаме во ситуација да НЕ ЗНАЕМЕ кои се овие лица што ги плаќаме од свој џеб, и дали воопшто тие се појавуваат на работното место.

‼Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер имаше и посебно соопштение во кое се вели дека овие информации сепак се ЈАВНИ!

❓Затоа прашуваме која е причината што ги кријат имињата, образованието и работното место на лицата ангажирани преку приватна агенција за вработување, заедно со податоците на уште 36 други лица ангажирани со договор за услуги.

#ЛевицаОдСоветите