Сашо Тасевски : Ако се кренe војна ни Путин ни Мирка ни Ќосето ќе не спасат. За пола саат ќе не проголта мракот

0
2587

Ќосиња и Тврдокорни, да учевте историја ќе знаевте дека секоја супер сила како Македонија на Александар, Рим, Византија, сега САД имале свои сатрапии, полупротекторати кои правеле она што ќе им го каже посилниот, а за возврат добивале заштита и инвестиции.

Денес Македонија е сатрапија на САД и ЕУ, значи со нив има потпишано договори до кои мора да се придржува, ако сака да преживее. САД на пример, чии амбасадор го плукате на чело со Мирка, има одиграно клучна улога во опстанокот на транзициона Македонија. Тоа значи дека сте токмаци ако во нив гледате непријател. Да, они се империјална сила со свои интереси, ама ние во моментов немаме друг избор, зашто сме слаба држава по сите критериуми. И секој друг избор ќе значи крај за оваа држава. Ставете го ова еднаш во тие лејките, наместо да паѓате на пропагандата на неаболицираниот криминалец Груевски.

И сите знаеме за платформите на албанците, тие не се од пред еден месец. Од пред сто години се. Како тоа баш сега му станаа толку важни на Груевски. Па он десет години коалицираше со Ахмети кој во 2001 војуваше по таа платформа. Рамковниот е дел од таа платформа како резултат дека таа војна не ја добивме, пошто сме многу јаки, ко фалангата на Александар.

Албанците ќе си го тераат своето, оти се обединети и им се може, а ние мора да ги искористиме нашите сојузници да ја стабилизираме државата, како би ги скротиле сите шовинистичко сепаратистички тенденции од било која страна, за да не ја изгубиме преку ноќ, ако случајно нашите ментори кренат раце од нас.

А ако кренат, да не се лажете, ни Путин ни Мирка ни Ќосето ќе не спасат. За пола саат ќе не проголта мракот. Ова Груевски, Миленко и Мирка не ви го кажуваат, наместо тоа ви ја полнат главата со лажен романтичарски национализам, кој не само што не значи ништо, туку е смешен во очите на оние од кои зависи нашиот опстанок како држава.
Ете ви нацртав со прости зборови. Кој разбра, разбра.

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски