ЛЕВИЦА ОТКРИВА СКАНДАЛ СО НЕПОТИЗАМ НА УКЛО – ПО СОПРУГОТ И СИНОТ СЕГА СЕ ВРАБОТУВА И ЌЕРКАТА НА ФИНАНСИСКИОТ РАКОВОДИТЕЛ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

0
781

Партијата тврди дека два пати се распишува конкурс за избор на доцент на Факултетот за биотехнички науки само за да се задоволат условите кои ги исполнува ќерката на финансискиот раководител на УКЛО – Николина Неновска, Викторија Стојковски.Партијата Левица открива нови неправилности поврзани со скандалот со непотизам на универзитетот во Битола (УКЛО) и ги повикува надлежните институции да преземат акција.

Партијата тврди дека два пати се распишува конкурс за избор на доцент на Факултетот за биотехнички науки само за да се задоволат условите кои ги исполнува ќерката на финансискиот раководител на УКЛО – Николина Неновска, Викторија Стојковски.Првиот конкурс, според Левица бил поништен бидејќи не одговарал на биографијата и професионалните карактеристики на Стојковски, а на вториот конкурс рецензентската комисија ѝ се дава предност пред подобар кандидат.Левица потсетува дека скандалот го открила пред неколку месеци кога утврдила дека на истиот универзитет веќе работат сопругот (на Технички факултет Битола) и синот (на Правен факултет во Битола) на Неновска.

– По објавениот конкурс во јуни и дадениот предлог од страна на рецензентската комисија до наставно научниот совет на Факултетот за биотехнички науки Битола да се направи избор во звање доцент на ќерката на Неновска, д-р Викторија Стојковски истиот е поништен бидејќи областа за која бил распишан конкурсот не била иста со областа која ја има Викторија. По тој обид на 7 Септември 2023 година повторно се распишува конкурс сега во област која одговара за нејзината ќерка. Но на огласот сега се јавува и друг кандидат кој по сите предвидени општи и посебни критериуми предвидени согласно Законот за високо образование и Правилникот за избор во звање на УКЛО исполнува повеќе услови во однос на ќерката на Неновска – велат од Левица.