ЛАТАС СИТЕ ГИ ИЗБРОЈАЛ САМО СЕБЕ НЕ СЕ БРОЕЛ ЗАТОА ШТО ТОЈ СЕКОГАШ Е НЕВИН ЗА СЕ : САКАЛЕ ДА ГО УНИШТАТ СЕДУМ НЕВЛАДИНИ, ДЕВЕТ ПОРТАЛИ, ТРИ ТЕЛЕВИЗИИ И 1200 ЛАЖНИ ПРОФИЛИ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

0
749

Да нема забуна, јавноста секогаш треба да знае…

Од вчера околу 15:30 не е достапна снимката на Јутјуб од моето гостување во подкаст емисијата кај Стефан Лазаров.

Порталите под контрола на соросоидите објавија “Јутјуб ја тргнал снимаката имплицирајќи, наведувајќи, дека Јутјуб процениле дека не треба да ја има или, евентуално, е тргната по барање на наша институција создавајќи привид дека некој веќе пресудил за штетноста на таа содржина.

Вистината е следна – никој не пресудил штетеност. Напротив, видото со емисијата е прегледано повеќе од 140.000 пати за само 5 дена што е апсолутен рекорд за Македонија за видео од било која емисија.

Видеото од емисијата на Јутјуб е тргната по мој предлог до авторот Стефан Лазаров за да се заштити тој лично, како и својот Јујтјуб канал со 75.000 следачи, од понатамошна хајка. По мојот предлог, Стефан го повлече видеото од Јутјуб.
Инаку, во врска со ова со моите ИТ соработници вчера правевме анализа.
По четири дена прегледи на емисијата без негативни реакции, околу пладне во недела настанува екслозија на активирање ботови од кампот на сороидите како и невладини организации од тој камп кои, без исклучок, се финансираат од државни пари за нив – годинава тие владини-невладини под контрол на власта добиваат од буџетот, од вашите пари за здравство, образование, патишта, наука, за култура… огромни 20 милиони евра!

Секој ваш клик, лајк или коментар за поддршка на нив или нивни објави на социјалните мрежи е ново евро о нивните џебови. Нивната организирана хајка власта ја оценува како “вознемирување на јавноста“ од наведената емисија, и презема чекори. Платено – испорачано.

На хајката и предходи пост од нивниот Борјан Јовановски, со години активист во таканаречениот Хелиншки комитет Македонија кој е невладина организација која лажно се претставва бидејќи славниот Хелсиншки комитет IHF на Сахаров не постои. Ова се само плагијти кои го злоупотребуваат славното име.

Во јануари 2008 година, австрискиот суд го осуди поранешниот финансиски менаџер на ИХФ, Австриецот Рајнер Таненбергер, за проневера на 1,2 милиони евра. Таненбергер беше осуден на три години затвор за проневера.

Резултирачката несолвентност на ИХФ ја натера да поднесе барање за стечај во Австрија, нејзината земја на регистрација, и да се распушти на 27 ноември 2007 година.

По неговото затворање, комплетните архиви на ИХФ беа префрлени во архивата на отвореното општество на Блинкен, која делува како официјално складиште на организацијатa..

Со до сега невидена вселенска брзина, од пладнето во недела до утрото во понеделник, хајката даде резултат за 18 часа да се почне со ботови, а да се заврши со полициска акција и пријава до обвинителство кое најавува своја брза акција. Не видено ни во најригидните диктаторски држви во минатиот, 20-ти век.
Да потсетам, не се работи за тероризам, убиства, пожар во болница, запалени луѓе во автобус кој нема лиценца, фатена тон скапа дрога…

Се работи за детално синхрониирана акција на соросоидите и власта за, според нив, извршено кривично дело со говор, или познато во науката како “вербален деликт“.

Кој е мотивот за толкав страв, паника и вселенски брза егзекуција во соработка на “невладиниот сектор“-полицијата-обвинителството? Незамисливо, никаде додега видено – се јавувале лично во фирмите да откажат реклами во емсијата!!!
Во хајката на социјланите мрежи и нивните портали и медиуми оргнизирано се подигнати, според нашата анализа, седум невладини организации, девет портали, три телевизии, повеќе од 1.200 лажни Фејсбук и Твитер профили без витински идентитет кои објавите повеќе од 7.000 постови, лајкови, форварди и шерови.

Другото се наивни реакции на поддршка од луѓе кои, дента, во најголем дел воопшто не го ни виделе видеото туку поддржале механички, водени од наслов или како производ на свесно навлекување од страна на организаторите.
Финално, органите оваа организрана хајка ја ценат како “вознемирување на јавноста“ и преземаат акција. Во постовите на соросоидите има повик на убиство, национална омраза, клевети… Но МВР и Обвинителството тоа “не го виделе“.
И да повторам, кој е вистинскиот мотив за толкав страв и паника од настап на еден новинар кој зборува за приватен, личен живот на Јутјуб подкаст емисија која има прилично ограничена публика.

Парите се мотив. Јас триесет години пишувам за соросоидите и нивните црни фондови на финансирање со политички цели. Во видеото на Стефан Лазаров се зборува и за соросоидите, и тоа пред младите, а тоа нив ги убива во поим.
Оваа година тие од владата, од вашите пари во буџетот, примат огромни 20 милиони евра, а околу нас штрајкови за плати во здравство, пошта, комунални претпријатија… нема лекови, немаше вакцини, струјата и гасот платени дупло од реалната цена… Треба да си елементарно паметен за да разбереш дека нашите пари преку буџтот за нив, плус преку филмски фондови, фондови за иновации, измислени проекти и рекламни кампањи… завршуваат во нивните приватни џебови. Ако се заплашам и тргнам јас, кој друг ќе смее да праша и укажува – каде се нашите пари? Никој.
Искористен е јутјуб канал на млад човек кој има влијание во јавноста кај младите, нивна главна цел уште од т.н. шарена револуција, и ете прилика со еден удар да се убијат двајца. Лазаров или ќе издржи, или ќе им се придружи на соросоидите, а како ќе биде ќе видиме наскоро. Обвинителството е силен аргумент во рацете на власта и соросоидите.

Обвинителството гони за “вербален деликт“, криминал сторен со збор, како што реков моќна алатка на дикатоторите затоа што зборот е прилично релативна работа како доказ и секој може да си го рарзбере на свој начин.
Во бивша Југославија, во комунизмот, постоеше кривично дело за вербален деликт по член 133 од тогашниот кривичен законик. Се одеше во затвор за кажан виц за претседателот Тито. Сега ни за виц.

Вицовите за нас си ги раскажуваат соросоидите и власта кога ќе се соберат на сеир и договараат нови исплати. Без да бидат казнети.
Фејсбук статус на Латас.