ЛАЗАРЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ПОЛИТИКА И НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА НАРОДОТ, ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ САМО ЗА ИЗБОРИ ЗБОРУВА

0
358

Кај вас во ВМРО-ДПМНЕ нема политика има само пуста желба да дојдете на власт за да може да крадете и да продолжите онаму каде што застанавте во 2017 година, порача во реплика пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на денешната собраниска седница.

„Две и пол години вие зборувате за предвремени избори, не водите сметка за граѓаните, не водите сметка за државата и справувањето со енергетската и економска криза, воопшто не креирате никаква политика“ порача Лазаревска.Поради тоа, додаде Лазаревска, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков коалиционен капацитет.
„Вие само тонете, немате коалиционен капацитет, затоа што немате политика што ќе ги застапува интересите на граѓаните“ заклучи пратеничката Лазаревска.