КУЗЕСКА : 2022 ГОДИНА СО РЕКОРДНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ТИРЗ И РЕКОРДНА ДРЖАВНА ПОМОШ

0
391

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати.

Во 2022 годна, една од најкризните години во Европа, бележиме рекордни износи на странски директни инвестиции.

2022 година ја завршивме со 43 милиони евра странски инвестиции во Технолошко индустриските развојни зони. За истиот период во ТИР зоните се отворија 2.300 работни места, со плати кои се повисоки од државниот просек.

Истовремено, продолжува засилената државна помош кон компаниите. 2022 година ја завршивме со рекордна исплата од 23 милиони евра, како и рекорден број на поддржани компании, односно 410 компании по Законот за финансика поддршка на инвестиции.

Бројот на компании како и буџетот за поддршка расте секоја година, од 2017 година па наваму. Во 2022 година имаме зголемување од 79% проценти на исплатена финансиска поддршка односно од 12,9 милиони во 2021 на 23 милиони евра во 2022 година.

Сето ова дава огромен придонес во одржување на економската стабилност, но и во растот на платите и намалување на невработеноста.

Како одговорна партија, продолжуваме со мерките и политиките кои обезбедуваат економски раст и конкурентна економија.