ФИЛИПЧЕ: НАЈЕНЕРГИЧНО ГИ ДЕМАНТИРАМ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ДОКТОРИТЕ ОД ВНАТРЕШНОСТА НЕ СЕ СТРУЧНИ, ТОА Е ГОЛЕМА ЛАГА

0
1155

– Тие доктори со децении работат на белодоробни болести и се многу стручни и голема навреда е што се пуштаат овие шпекулации во јавност дека тие не се стручни, не знам од каде таква глупост се појави на некои портали. Некој како да сака да ја сруши довербата во здравствениот систем.

Министерот Венко Филипче застана во одбрана на докторите од внатрешноста кои доаѓаат на помош во Скопје за кои некои медиуми објавија дека не биле доволно стручни како докторите во Скопје.