КУЗЕСКА : НЕМА ПАЗАР СО ПРАВДАТА И СУДСКИТЕ СЛУЧАИ

0
337

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Прашање: Дали лицата кои се обратиле кај Пендаровски за амнестија на Груевски, се обратиле и во СДСМ?

Одговор: Јавноста многу добро знае, имало случаи кога сме преговарале со ДПМНЕ, на пример за законот за ЈО и за други закони каде што требале да направат некаков компромис, секогаш, буквално секогаш тие отворале судски случаи кои што сакале да се дискутираат. Ние тоа немаме прифатено и нема да прифатиме ниту во иднина. Затоа и не успеавме да се договориме со ДПМНЕ во 2020 година, затоа што доаѓаа на преговорите со судски предмети но ние не прифаќаме. Нема пазар за било каква амнестија, ниту пак со било кого пазар околу правдата и судските случаи.