(ВИДЕО) РАЗОРНА БОМБА НА ФРЧКО : Сѐ е решено освен продавањето на договорот на својата јавност за двете страни

0
1797

Професорот Љубомир Фрчкоски во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека главен проблем што сѐ уште не е потпишан договорот за името со Грција е имплементацијата.

Според него, договорот ќе се случи и не може да се одложи, затоа што тоа ќе биде еднакво на неуспех.

– Ако ги следите јавните изјави на нашата влада како ќе оди имплементацијата, штом не се случува разговор по таа основа, проблемот е во имплементацијата – вели тој и додава дека се донесени решенијата за јазикот, националноста и името и сега се работи само за спроведувањето, односно продавање на договорот на својата база.

Најавата дека ќе се случи финалниот разговор Заев-Ципрас до крајот на неделата дојде од нашата влада. Соопштението на МНР веројатно било изнудено од високите очекувања, смета новинарката Катерина Блажевска.

-Тоа откри дека брзината на која се надевавме најверојатно е попречена од потешкотии во финалната фаза. Ова се тешки преговори, така и беше најавувано, дека ако се реши проблемот, тоа ќе биде во фото-финиш. Веројатно ова е тој фото финиш, дали и како ќе се реши се уште нема индиции, но има индиции дека има проблеми, вели Блажевска.

Според универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, договорот ќе се случи и не може да се одложи, затоа што тоа ќе биде еднакво на неуспех.

-Ако ги следите јавните изјави на нашата влада како ќе оди имплементацијата, штом не се случува разговор по таа основа, проблемот е во имплементацијата, вели тој и додава дека се донесени решенијата за јазикот, националноста и името и сега се работи само за спроведувањето, односно продавање на договорот на својата база.

Блажевска смета дека коментарите на пратеникот Антонио Милошоски за текот на преговорите само и одат во полза на агендата на грчката опозициска Нова демократија, која исто така се противи на решавање на спорот.

-Што е целта? Да направиме притисок во грчката јавност да се создаде фронт против некои веќе договорени и затворени идентитетски прашања? Начинот на којшто постапува Милошоски не е начин на кој би постапил граѓанин на оваа држава, а уште помалку поранешен министер за надворешни, вели таа.

Фрчкоски смета дека оптимистите се во право за решавање на спорот за името, но постои интелектуална елита противници на договорот, а се противат и крајната левица и групите околу Бачев и ВМРО-ДПМНЕ, кои се малцинство и не можат да го расштимаат процесот. Сепак, вели, нивните мотиви се помрачни иако грчката опозиција му влијае повеќе на процесот.

-Мотивот кај нас е поштетен бидејќи консеквенцата од апокалиптичниот излез би била изолација на земјата и кај нас би имало безбедносни консеквенци. Тоа скапување однатре би довело до состојба без пари и интеграција. Тоа е речиси суицидален гест, омраза кон државата.

Блажевска вели дека претседателот Иванов пропуштил многу историски моменти и секогаш кога се јавувал само успевал да направи забуна.

-Сметам дека тој ќе биде голем кочничар доколку процесот дојде до успех, освен ако не успее да го убеди некој од дипломатите од земјите кои се стратешки пријатели на Македонија, изјави таа и објаснува дека кога имате шанса по 27 години да реши три проблеми одеднаш – името што води до датум за преговори и покана за членство во НАТО и да работите против тоа, нешто не е во ред со човек што би имал против тоа или интересите на Македонија се користат како флоскула за интереси на други земји.

Погледнете го новото издание на  „Уреднички брифинг“ на 1ТВ со Ацо Кабранов: