КРИВИЧЕН СУД ОДЛУЧИ НА ЛАТАС И ЛАЗАРОВ ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ ЈАВЕН НАСТАП А НА ЛАТАС МУ СЕ ОДЗЕМА И ПАСОШОТ

0
439

По обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје оформи предмет постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпразливост против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров за ширење на расистички и ксенофобичен материјал.

На обвинетиот Драган Павловиќ-Латас му се определува превентивна мерка за привремено одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

На обвинетиот Стефан Лазаров, му се определува мерка претпазливост за забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.Основниот кривичен суд Скопје информира дека против ова решение обвинетиет имаат право на жалба во рок од три дена по приемот до Апелациониот суд Скопје.

Латас, гостувајќи во интервју како поткаст на Јутјуб каналот на Лазаров, објавено на 14 февруари, говореше за неговото сексуално искуство во тинејџерските денови со девојка притоа промовирајќи насилничко однесување а Лазаров се смееше и го тераше понатаму да раскажува како тепале и силувале девојка во Фиќо со што се прати порака дека тоа однесување е прифатливо и смешно. Интервјуто покрена низа реакции во јавноста, а Основното јавно обвинителство оформи предмет.