ШЕФИЦАТА НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР, БОШКОВСКА – ЈАНКОВСКИ : „ИВАН МИХАЈЛОВ“ НЕ ПОДНЕЛ БАРАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО, А „ЦАР БОРИС“ ДОСТАВИЛ ДОПИС

0
361

По однос на здруженијата, Централниот регистар постапува според закон, а изменетиот закон бара од нас да ги доставиме сите здруженија до Министерствто за правда каде посебна комисија ќе донесе одлука во однос на имињата на здруженијата, па оние кои имаат несоодветни имиња ќе престанат со работа, вели директорката на ЦР Марија Бошковска-Јанковски.

-Кај нас кога се формира здружение, независно од предложеното име во документацијата, според Устав, не може да се спречат граѓани да се здружуваат ако ја имаат целата документација. Централен регистар не навлегува во името. Тука не станува збор само за бугарските здруженија – вели таа за ТВ 24.Директорката посочува дека има регистрирано 17 илјади здруженија кои се во базата на Централниот регистар, а меѓу нив се и спорните бугарски здруженија.

-Од спорните бугарски здруженија, „Иван Михајлов“ нема поднесено барање за промена на името, а „Цар Борис Трети“ има допис кој е барање да се усогласи со новиот закон. Но тој лист хартија не значи ништо оти не се наведува на кој начин ќе биде усогласувањето. ЦР одговара дека здружението треба да достави документација за да се усогласи со новиот закон. Ако достават пријава, ЦР ќе ја достави документацијата до Министерството за правда – вели Бошковска-Јанковски.