КОСТОВСКИ : ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЦВРСТО СТОИ ЗАД ЕВРОПСКИОТ ПАТ И ПРОЗАПАДНАТА ОРИЕНТАЦИЈА НА ЗЕМЈАТА

0
432

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Сведови бевме на едно државничко обраќање на Претседателот Стево Пендаровски како претседател на сите граѓани.

Ги опфати предизвиците во изминатите години со фокус на клучните државни и национални цели: членството во НАТО и ЕУ.

СДСМ го поздравува фактот што Претседателот Пендаровски цврсто стои на ставот дека државата мора да опстои на европскиот пат и прозападната ориентација, затоа што тоа е наша единствена алтернатива.

Членството во ЕУ значи подобар стандард за граѓаните, повисоки плати и пензии, сигурна европска иднина за младите генерации.

Лагите и манипулациите за бугаризација и асимилација заедно со лагите дека ќе биде загубен македонскиот јазик и идентитет се поразени.

Македонскиот јазик е потврден во ЕУ, Договорот со Фронтекст е прв договор кој тоа го потврдува, а Унијата веќе започна и процес на ангажирање преведувачи и толкувачи од македонски јазик.

Ние како пратеници од СДСМ сме горди за сите одлуки кои го овозможивме македонскиот јазик да биде дел од ЕУ. Срамот останува кај пратениците на ДПМНЕ кои со вувузели и тропање по маси го попречуваа процесот.

Иако имавме успешен скрининг, не зопчна отворањето поглавја со ЕУ. Виновниок има име и презиме: тоа е ДПМНЕ.

ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси кои не и мислат добро на земјава.

Со ДПМНЕ и Левица нема ЕУ, слушнавме вчера и до Мицкоски, ниту за 100 години.

Кристално е јасно дека на изборите ќе се судрат два политички блока, два концепти, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица.

ДПМНЕ и Левица се закана за европскиот пат и иднината на државата и ќе бидат поразени.

Пропуштивме историска шанса во 2008 ма година за членство во НАТО и изгубивме 12 години.

Не смееме и нема да дозволиме сега од истата деструктивна партија ДПМНЕ да загубиме нови 12 години за членство во ЕУ.