КОСТАДИНОВ : НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ ПОВТОРИ РЕЗУЛТАТОТ ОД ПРЕТХОДНИТЕ СО ПОБЕДА НА ПЕНДАРОВСКИ

0
278

Очекувам дека ќе се повтори сценариото од претходните претседателски избори, каде што, нормално победа, ќе извојува кандидатот на СДСМ, истакна членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.

Костадинов додаде дека изборот на претседателскиот кандидат е во фаза на номинации, треба да помине низ внатрепартиските тела и органи на СДСМ.

Треба да имаме посебен конгрес за кандидат за претседател на државата, рече Пендаровски додавајќи дека таму ќе се разгледа предлогот на раководството за кандидатура на актуелниот претстедател на државата Стево Пендаровски.

Костадинов истакна дека Стево Пендаровски во неговиот мандатот покажа дека има капацитет да придобие гласови од албанскиот електорат и од страна на македонскиот електорат и од страна на сите други заедници коишто функционираат во државата.

Затоа, не гледам причина зошто Стево Пендаровски не ја добие потребната поддршка од коалиционите партнери и генерално од целото мнозинство, нагласи Костадинов.
Останува да дојдат изборите и да видиме, мојот став е дека ќе ни се случува реприза на претходните претседателски избори, нагласи Костадинов.
Во врска со уставните измени, Костадинов истакна дека доколку сите партии се согласни дека државата треба да се интегрира во ЕУ, тоа е прашање што би поминало со консензус.

За жал, колку и да преовалдува Европа, ЕУ во наративот на ДПМНЕ не гледаме на дело дека навистина постои спремност за тоа што значи стратешки интерес на државата. Сметам дека ДПМНЕ уште од сега треба јасно да го каже својот став, што по однос со уставните измени, што со предлогот и што со нивното најголемо ветување од претходните избори а тоа е поништување на Преспанскиот договор, обезбедување подобар Преспански договор, дури и враќање на името. Важно е за државата, ако ги ставаме на пиедестал потребите на граѓаните, а тоа е интеграција во ЕУ чесно да им одговориме уште од сега, што со овие за СДСМ затворени прашања, за  ДПМНЕ воопшто незатворени, истакна член на ИО на СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.