ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СДСМ, КИРАЦОВСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА ДЕНОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА : Азбуката и јазикот имаат важна улога во развојот на општеството, да ја чуваме мултијазичноста

0
973

Соопштение за јавност

По повод Денот на албанската азбука – 22 ноември, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски упати честитка до сите граѓани припадници на албанската заедница во Македонија.

„Во мое лично име и во име на СДСМ, упатувам срдечни честитки до сите припадници на албанската заедница во Македонија. Азбуката и јазикот го дефинираат идентитетот и имаат важна улога во културниот и интелектуалниот развој, што дава придонес и во развојот на секое општеството.

Република Македонија има привилегија да биде модерна, демократска мултикултурна и мултијазична, во која свое значајно место имаат и албанскиот јазик и албанската азбука.

Културните, верските и јазичните различности се вистинско богатство но и силна нишка што не спојува во градењето еднакво општество на еднакви граѓани. Треба да го негуваме и чуваме тоа богатство бидејќи само преку меѓусебно почитување и разбирање, само преку почитување на различностите ќе успееме да ја изградиме Македонија како едно општество за сите граѓани – концепт во кој СДСМ силно верува“.

Скопје, 22.11.2018 
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА